Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Продолжува да расте бројот на заразени со коронавирусот, надлежните апелираат да се почитуваат мерките
Македонија

Продолжува да расте бројот на заразени со коронавирусот, надлежните апелираат да се почитуваат мерките

јуни 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Деновиве продолжува порастот на нови случаи на КОВИД-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 62 нови случаја, но и двајца починати. По олабавување на мерките, укинувањето на полицискиот час и постепеното отворање на економијата, надлежните апелират граѓаните да ги почитуваат мерките на заштита како одржување дистанца од два метра, носење заштитна прекривка на устата и носот и негрупирање.

Без почитување на овие мерки, велат надлежните, вирусот ќе продолжи да се шири и натаму.

Тие најавија дека доколку не се почитуваат мерките за заштита, може повторно да бидат воведени рестриктивни мерки за одредени општини и подрачја.

Рестриктивните мерки за одредени подрачја ќе зависат најмногу од граѓаните, од почитувањето на мерките, рече вчера премиерот Оливер Спасовски и ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат мерките.

-Ние најавивме пред неколку дена дека ригорозни мерки или  рестриктивни се можни за одредени подрачја каде што има зголемен број на инфицирани граѓани. Тоа ќе зависи најмногу од граѓаните од почитувањето на мерките, оние кои што се во изолација заради тоа што се директни контакти од некој којшто е позитивен на КОВИД-19, треба да останат таму и да ги почитуваат сите тие мерки. Колку повеќе ќе ги почитуваме мерките толку ќе имаме намалување на рестрикциите, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата размислува за воведување ригорозни мерки за некои подрачја каде има поголем број заболени лица.

Спасовски рече дека државата, институциите, здравствениот систем, Комисијата за заразни болести направиле се во изминатиот период, донесени се одлуки, направени се протоколи како треба да се однесуваат граѓаните.

– Секој ден говориме што значи одговорност за сопственото здравје, што значи одговорност за околината во која живеееме. Најмалку што можат да направат граѓаните е да ги почитуваат тие мерки, вели Спасовски.

Доколку граѓаните ги почитуваат мерките, како држење социјална дистанца, носење заштитина опрема, нагласува Спасовски, нема опасност од пренос на инфекцијата и загрозувањето на здравјето и животот.

На почитување на мерките, повика и министерот за здравство Венко Филипче.

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа – вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките. Оние кои не веруваат во ова треба да ја погледнат состојбата во Општина Дебар. Дебар беше прва општина која влезе во карантин, а денес е општина во која со недели нема ниту еден нов случај. Ова е заслуга на граѓаните и нивното дисциплинирано однесување, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Ние, како што наведува Филипче, не можеме вечно да живееме во карантин, бидејќи тоа е штетно за менталното здравје на граѓаните, за економија, за целото општество.

-Имаме два избори, или ќе го продолжиме да го враќаме животот во нормала почитувајќи ги безусловно мерките или ќе се враќаме назад кон силни рестрикции.

Изборот е наш. Друг излез од оваа состојба, за жал не постои. Јас силно верувам дека ќе избереме да го нормализираме животот заштитувајќи го нашето лично здравје, колективното здравје и здравствениот систем. Затоа уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена, напиша на ФБ, министерот Филипче.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

актуелно заболени заразени Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.