Продолжува изборната сага во Бразил

LinkSense.mk

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ги оспори резултатите од претседателските избори на кои загуби од неговиот ривал Луис Инасио Лула да Силва.

Болсонаро поднесе жалба до Врховниот изборен суд во која бара гласовите од некои гласачки машини да се поништат.

Исходот од жалбата е неизвесен, бидејќи судот веќе ја потврди победата на Лула да Силва.

Сепак, таа може да ги подгрее надежите на демонстрантите кои протестираат против изборните резултати.

Александре де Мораеш, судија во Врховниот суд на Бразил, кој е на чело на таа институција, рече дека Болсонаро мора да ги претстави своите докази во рок од 24 часа, или жалбата ќе биде отфрлена.

Од изборниот штаб на Болсонаро соопштија дека се откриени „знаци на непоправливи грешки“ во електронските гласачки машини.

Последица од тоа е дека е невозможно да се потврдат резултатите од гласањето од старите гласачки машини“, се наведува во приговорот и се додава дека овие гласови треба да бидат поништени.

Инаку, Болсонаро со години тврди дека бразилскиот систем на избори со гласачки машини е предмет на манипулација, но тој не даде докази за тоа.

Ињасио Лула да Силва победи во вториот круг од претседателските избори во Бразил, освојувајќи 50,9 отсто од гласовите, додека Болсонаро имаче 49,1 отсто.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП)