Продолжува трговската војна меѓу САД и Кина

LinkSense.mk

Продолжува трговската војна меѓу САД и Кина. Денеска Вашингтон воведе нови казнени царини за кинески производи во висина од 25 проценти. Станува збор за волумен од 16 милијарди долари.

Кина веднаш возврати и прашање е што ќе се случи ако дојде до натамошно подгревање на конфликтот?

Дали Кина се чувствува доволно силна за да се доведе до точка на ескалација со својот најголем трговски партнер, САД? Министерството за трговија во Пекинг најави царини од 25 проценти на американски производи во вредност од 16 милијарди долари, кои опфаќаат увоз на сурова нафта, челик и медицинска техника.