Промени во Хрватска: Загреб има нов градоначалник, еколошки активист

Според прелиминарните резултати, Томислав Томашевиќ, кандидатот на платформата „Можеме“, денеска е избран за градоначалник на Загреб.

Имено, според првите резултати, Томашевиќ доби дури 67.87 отсто од гласовите додека Мирослав Шкоро, кандидатот на Зелената листа е далеку под него со 32.13 отсто од гласовите.

Томашевиќ во првиот круг од изборите доби 147.631 глас, а во вториот 199.630. неговиот противкандидат од редовите на Татковинското движење, Шкоро, освои 106.300 гласови.

Излезеноста во Загреб беше 45,07 отсто, што е два отсто помалку отколку во првиот изборен круг, а два отсто од гласачките ливчиња беа неважечки.

Томислав Томашевиќ, по објавувањето на прелиминарните резултати на хрватската Државна изборна комисија

Загрепчаните избраа промени после 20 години владеење на Милан Бандиќ, кое Загреб, според многумина, го направи престолнина на корупцијата и клиентелизмот и, како што велат, го доведе на работ на пропаста. Оваа промена е втемелена во новиот градоначалник Томислав Томашевиќ, 39-годишен политиколог и долгогодишен екологист и активист за заштита на човековите права, кој за само четири години од градски опозициски застапник прерасна во собраниски претставник, а сега и градоначалник на Загреб.

Неговите критичари го опишуваа како „комунист“, човек зад кого се кријат „теоретичари на геј синдикализмот“, дека е „странски производ“, заговорник на „еко-ленинизмот“ и претставник на „Ајфон-левицата“, а пред крајот на изборната кампања, функционер на Татковинското движење го нарече дури и „трансроден имиграциски четник“.

Вечерва после објавувањето на резултатите десничарите и победата на Томашевиќ, десничарите го прогласија Загреб за „југокомунистички град“.

Од вечерва нови градоначалници имаат и Сплит, Риека и Осјек.

Во Сплит победи кандидатот од Центарот, Ивица Пуљак, со 56,75 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат од редовите на ХДЗ, Вице Михановиќ доби 43,25 отсто од гласовите.

Излезеноста во Сплит била 43,53 отсто, што е помалку во однос на првиот круг кога таа била 43,97 отсто.

Во Риека победи Марко Филиповиќ од СДП со 54,48 отсто од гласовите, пред независниот кандидат Давор Штимац за кого гласале 45,52 проценти од бирачите.

Во Осјек, пак, победи Иван Радиќ од ХДЗ, пред Берислав Млинаревиќ, независен кандидат поддржан од Татковинското движење и Мост.

Излезеноста на државно ниво на денешните локални избори била 37,96 отсто.