Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот – дел од улиците затворени
Македонија

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот – дел од улиците затворени

декември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика граѓаните на протестен марш во 19 часот.

Република Македонија тоне во црнила. Црнила на демографски план, црн воздух, зацрнето стопанство, оцрнето здравство, црнила на секое поле во општеството поради неспособноста на СДСМ.

Државата како никогаш досега се празни. СДСМ ветуваше враќање на иселените, за две години откако го дадоа ова ветување да гледаме како иселувањето е неколкукратно зголемено. Граѓаните сведочат за испразнети села и градови, цели маала со затворени дворови чии сопственици се трајно иселени.

Власта не нуди услови за живот. Ниту елементарните услови како чист воздух и животна средина не се исполнети, ветуваа почист воздух веднаш, а две години потоа граѓаните ги полнат болниците како последица на срцеви и белодробни проблеми предизвикани од загадувањето кое е неколкукратно над дозволеното.

Скопје веќе два месеци е најзагаден град во Европа, а помеѓу десетте најзагадени во светот. И додека граѓаните се трујат, Шилегов игра игри на телефон, а Макрадули спие во Собрание.

Спијат функционерите и со прст не мрдаат ниту за стопанството, бизнисите на граѓаните тонат, а на функционерите на власта добиваат милионски тендери од буџетските корисници.

Додека економијата тоне, платите стагнираат, трошоците за живот растат. Услугите кои државата треба да ги гарантира преку системите на јавно здравство и образование се се послаби.

Република Македонија е зацрнета и тоа го чувствува секој еден граѓанин, без разлика на неговата верска, етничка, политичка или било каква друга припадност. Ветуваа живот за сите, донесоа црнила за сите. Токму затоа ВМРО- ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои не се согласуваат нашата држава и понатаму да тоне да ни се придружат на протестниот марш денес, од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија.

Поради маршот затворени дел од улиците.

Од 19,00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на  Влада на Р.Македонија. Од  тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот, информира МВР.

Марш протест скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026

Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.