Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ

декември 6, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера попладнето одржа антивладин протест, движејќи се од седиштетот на партијата до Владата на Република Македонија. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски пред Владата на РМ најави мобилизирање пред претседателските избори и побара заедно со присутните оставка од актуелната власт.

„Да го изразиме нашиот револт и несогласуавање со сите овие корупциски скандали и погрешни политики кои оваа корумпирана Влада ги прави на нашата држава, нагласи  Мицкоски.

Им се заблагодари на присутните нарекувајќи ги најхрабри што се придружиле денеска, апелирајќи и наредната и секоја наредна среда, па и четврток, петок и понеделник и вторник пред платото на Владата, низ улиците, низ плоштадите, во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ да се мобилизираат и, како што рече, да им го нанесеме најголемиот пораз во историјата на следните претседателски избори.

Поздравувајќи ги они кои поради оправдани причини не се дојдени на протестот, нагласи, оти знае дека даваат поддршка, но затоа што се притиснати, прогонети од самобендисаните функционери именувани од оние луѓе внатре, посочувајќи кон Владата, им се закануваат на нив и на нивните семејства да не бидат дел од овие протести.

„Зарем тие се тие европски вредности за кои се бориме. Зарем таа е таа европска придобивка која Зоран Заев и луѓето околу него ни ја продаваат. Зарем тоа се сите оние претреси што ги правеа на нашите браќа, на нашите поддржувачи минатата недела, запраша лидерот на ВМРО- ДПМНЕ.

Побара од граѓаните лојалност и доверба за државата, наведувајќи дека од државата ќе побараат да обезбеди сигурност, економски развој, подобар стандард, вработување за секој млад човек, полни паркови и насмеани лица во следната 2019 годна.

„Ако тоа не ни го овозможи оваа Влада ќе ја смениме, ќе дојде некоја друга Влада која ќе ја предводи ВМРО и сето ова што го зборувам ќе го исполниме, ви ветувам, истакна Мицкоски.

Рече дека нема ниту шанса, ниту простор за да се чека веќе, повикувајќи ја власта да си замине од, како што рече, узурпираните позиции.

„Сета оваа болка, сета оваа неправда што и ја нанесоа на Македонија, непочитувањето на резултатите од референдумот, сето она што безмилосно го туркаат, грешат ако мислат дека нема да го платат. Ќе го платат и тоа скапо, ќе го платат на следните парламентарни избори, кога и да се случат. Јас ви ветувам, потенцираше тој.

Посочи дека лица го прашувале, зошто ја избегнува темата за името.

„Не ја избегнувам, ме боли, ме пече, можам да зборувам до сабајле на таа тема, но се борам и ве повикувам сите да се бориме во оваа битка. Знам дека е нерамноправна и знам дека сме сами, нагласи Мицкоски.

Наведе дека за некој ден ќе излезе, како што истакна, фантастично голема скандал.

„Ќе пронајдат документ, ќе пронајдат опрема која повеќе од две години ги слушала сите обвинители и судии. Потоа нема да знаат како да го излажат својот народ… Сакате да монтирате случаи повторно, сакате да ги уценувате и обвинителите и судиите. Сакате сите да судат по принципот на „кацарска-судството“. Сакате сите да обвинуваат по принципот на „рускоска-обвинителството“. Ќе дојде денот кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки, истакна Мицкоски.

Посочи дека имаат заедничка кауза, а тоа е како да го поразат Зоран Заев и СДСМ.

„Заедно ќе протестираме против економските црнила, против сиромаштијата, против зголемените даноци и беспарицата, ќе протестираме и против политичките и национални црнила, против неправдата и несигурноста, против црното политичко мучуриште во кое тињаат македонските политичари, против прогонот кој станува закон, а законот мета за поткусурување, против промената на Уставот, името, идентитетот, ќе протестираме против општествените црнила, против задушувањето на секој еден граѓанин, против сето она кое нас не тишти, ќе протестираме и нема да се прибереме дома, заклучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

вмро-дпмне митинг опозиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.