Група граѓански здруженија се собраа пред Собранието поради посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој попладнево треба да се обрати пред пратениците во Собранието.
Како што изјавија дел од граѓаните кои се собраа на протест, тие се собрале поради антимакедонската политика на новата влада, донесувањето на Законот за јазиците и против влезот на Македонија во НАТО.
На протестот присуствува и поранешната пратеничка Солза Грчева која порача дека е таму, за јасно да каже дека е против менување на името на државата.







