ПСЖ се надева дека ќе го убеди Мбапе да остане во Париз

Раководството на ПСЖ, се надева дека ќе го убеди Килијан Мбапе да го обнови договорот, пренесе „РМЦ“.

Сегашниот договор на играчот завршува следното лето.

Претходно, самиот 22-годишен Французин отворено изјави дека нема да остане во Париз и да потпише нов договор со клубот.

Во тековната сезона, Мбапе одигра 11 натпревари за парижаните, постигна пет гола и пет асистенции.

Порталот Transfermarkt.com го проценува Французинот на 160 милиони евра.