Пукање на грчко-турската граница

LinkSense.mk

Една мигрантка е убиена во вооружен инцидент на грчко-турската граница додека се обидувала со уште десетмина други да ја премине реката Марица, која ги дели двете земји, соопшти грчката полиција. Засега не се знае кој пукал во инцидентот.

Грчката полиција патролира во областа околу Марица која во тој дел е широка од 60 до 70 метри и низ која се обидуваат да минат мигранти“, се наведува во изјавата на неименуван полицаец за грчки медиуми.

Како што се тврди, полицијата синоќа нешто пред 21 часот воочила повеќе мигранти на турска страна. Грчката полиција наведува дека забележала 11 лица во чамец и дека полицајците ја впериле светлината кон нив со повици „Полиција. Вратете се назад“.

Како одговор, истакнал полицаецот, се слушнале серија истрели од турска страна. Грчките полицајци не можеле да го откријат изворот на пукањето во темницата и легнала на земја за да се заштитат по што истрелале неколку куршуми во воздух како знак на предупредување.

Чамецот се приближил до грчкиот брег и пет лица се симнале од него, од кои четворица стигнале до брегот додека петтото останало во водата.

Полицијата стигнала до телото, а кога го извлекле увиделе дека жената е мртва.

Не се знае што се случило со преостанатите шест лица, но граничарите велат дека тие не влегле во Грција.

Обдукцијата утврдила дека жената починала од истрел од огнено оружје и дека куршумот бил испукан од близина и од малокалибарско оружје.

Од грчката полиција наведуваат дека тие не користат такво оружје. Официјалната истрага за овој случај се уште не е завршена.

 

 

 

 

 

(Фото: Илустрација)