Путин и Бајден ќе преговараат во Виена!?

Австрија е подготвена да биде домаќин на разговори на високо ниво, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата.

„Ако Русија и САД одлучат да одржат претседателски самит, тоа е за пофалба. Се разбира, Австрија е секогаш достапна за какви било преговори на високо ниво”, соопшти Министерството за надворешни работи во Виена.

Во исто време, австриското МНР истакна дека местото и времето на самитот зависат од двете вклучени страни.

На 12 април рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден остварија телефонски разговор кога разговараа за бројни регионални и глобални прашања, вклучувајќи ја и желбата на страните да продолжат со дијалогот за стратешка стабилност.

За време на разговорите, Бајден му понуди на својот руски колега да се одржи состанок во неутрална држава. Белата куќа соопшти дека самитот може да се одржи ова лето.

 

(Фото: МИА)