Путин после убиството на амбасадорот: Ова е провокација!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го нарече провокација убиството на рускиот амбасадор во Турција.

„Соопштението стигна од Турција, каде што подло е убиен рускиот амбасадор. Извршеното злосторство е провокација насочена на прекин на нормализацијата на турско-руските односи и на прекин на мировниот процес во Сирија“, изјави Путин.

Тој нагласи дека единствен одговор е зајакната борба против тероризмот.

Рускиот лидер изјави дека треба да се зајакне безбедноста на турските претставништва во Русија и да се добијат гаранции од турска страна дека ќе се осигура безбедноста на руските дипломатски мисии.

Путин изрази сочувство на семејството на Андреј Карлов и предложи Министерството за надворешни работи постумно да му додели награда, соопшти прес секретарот на рускиот претседател, Димитриј Песков.