Путин: Русија ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ја регистрирала првата вакцина против коронавирусот.

– Утрово за првпат во светот е регистрирана вакцина против коронавирусот, рече Путин на средбата со членовите на Владата.

Рускиот претседател изрази надеж дека со време ќе се појават повеќе вакцини против коронавирусот.