Пуџдемон си заминува од Германија

LinkSense.mk

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон кого централната влада од Мадрид во октомври го разреши од таа позиција после што незаконски прогласи независност на тој шпански регион, денес изјави дека од Германија ќе се врати во Белгија, јави Ројтерс.

Врховниот суд на Шпанија во шетвртокот соопшти дека се откажува од барањето за испорачување на Пуџдемон од Германија, а после што германскиот суд соопшти дека може да го испорача на Шпанија по прашањето за злоупотреба на средства, но дека го отфрла барањето да го испорача по прашањето на сериозните обвиненија кои се однесуваат на побуната.

Тоа барање на шпанскиот суд беше издадено врз основа на обвиненијата за злоупотреба на јавни средства, кои се поврзани за неговата организација на забранетиот референдум за независност на Каталонија.