ПЦР тестот оди во историјата?

Новиот ковид тест за кој тврдат дека е точен како ПЦР тестовите, а побрз од антигенскиот, може да почне масовно да се користи за само три месеци.

Експерти од Универзитетот во Бирмингем тврдат дека развиле методологија за анализа на брис која дава резултат на лице место – за само три минути, пишува „Дејли мејл“.

Брзиот антигенси тест моментно е најбрзиот на пазарот, а тие поставуваат дијагноза за помалку од половина час, но се помалку доверливи и најчесто не можат да се користат при патувањата во странство, освен во одделни држави.

Истражувањето за новиот тест, кој моментно е познат како „RTF-EXPAR“, покажа дека неговата точност е „еквивалентна“ на ПЦР тестот и дека е точен резултатот во повеќе од девет од десет случаи, се наведува во текстот на „Дејли мејл“.

Кога станува збор за брзината на резултатите, овој тест е во состојба да детектира Ковид-19 за осум минути, додека за ист примерок на ПЦР тестот му биле потребни дури 42 минути. Брзината на тестот се зголемува кога концентрацијата на вирусот е висока, па тогаш му се потребни три минути да го детектира вирусот.

Новиот метод може да го изведува само обучен медоцински работник, а подразбира дека примерокот на брисот земен од грлото и носот се става во машина која бара генетски материјал за вирусот.

Еден од експертите кои го развиле овој тест истакна дека тој би бил „идеален“ за аеродромите и културните случувања, како што се фестивалите и концертите, и дека на пазарот може да се појави за три до шест месеци со комерцијална поддршка.

Новиот тест ќе биде ‘многу поевтин’ од ПЦР тестот“, наведува „Дејли мејл“.