Во аптека на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје непознат сторител синоќа извршил разбојништво со закана со нож и од вработената одзел 8.400 денари од дневниот промет, потоа побегнал во непознат правец.
МВР информира дека разбојништвото околу 19:52 часот било пријавено во Единицата за известување и командување Скопје.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот за целосно расчистување на случајот.







