Педесет лица загинаа во торнадото што вчераноќ и рано утринава ја погоди американската држава Кентаки.
„Вашингтон пост“ ја пренесува изјавата на гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, кој стравува за тоа дека бројот на загинатите може да биде значително поголем.
„Извештаите за последиците од невремето се застрашувачки“, наведува гувернерот Бешир.
Претходно беше објавено дека најмалку 19 торнада зафатиле пет држави во централниот дел на Соединетите Американски Држави, вчера доцна попладнето, и нанесе голема штета, а според пишувањето на локалните медиуми животот го загубиле четири луѓе.







