Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РАЗРЕШЕНА ДИЛЕМА: Комеморацијата за убиените ученици нема да биде во државна институција
Во Фокусот

РАЗРЕШЕНА ДИЛЕМА: Комеморацијата за убиените ученици нема да биде во државна институција

мај 15, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Советот на родители на белградското Основно училиште „Владислав Рибникар“, Игор Ѓорѓевиќ, истакна дека и покрај ветувањето дека секое барање ќе биде исполнето, се бара секојдневно да се прави нешто по ова прашање, „само сакаме за тоа да не се слушне“.

Владата на Србија вети дека ќе бидат исполнети барањата што во средата ги поставија родителите на учениците од училиштето.

Игор Ѓорѓевиќ детално објасни што е договорено на средбата со надлежните.

„Очекуваме веднаш конкретни потези и ни беше кажано дека ќе ни излезат во пресрет. Во овој момент, сакаме да веруваме дека тоа ќе биде. Некои работи се веќе исполнети, тоа се главно оние работи што ја засегаат училишната управа на град Белград како и здравствените установи кои најмногу ни помагаат во овој момент“.

Според неговите зборови, исполнето е барањето да се обезбеди стручна поддршка за децата на училиште, а исполнето е и барањето да се затвори влезот каде што започна целата трагедија. Од Владата добија и ветување дека ќе им се даде целосна поддршка на родителите кои ги загубија децата и дека ќе им се обезбеди се што им треба.

„Ние сакаме за секое барање да се дискутира поединечно, секој ден да се прави нешто по тоа прашање, само сакаме за тоа да не се молчи.Свесен сум дека првите две точки се најпроблематични, бидејќи ниту државата ниту општеството немаат јасен и експлицитен одговор на овие работи“, рече Ѓорѓевиќ.

На прашањето каков е ставот на родителите за момчето кое е одговорно за пукањето во училиштето, Ѓорѓевиќ одговори:

„Јас верувам дека тие кои се надлежни во никој случај нема да дозволат тој повеќе да биде на улица и да биде во состојба да загрози кое било наше дете.

Ни ветија дека до крајот на следната недела ќе имаат конкретни работи и дека ќе дојдат во нашето училиште, ќе се соочат со родителите и отворено точка по точка ќе ни кажат што е направено во оваа работа“.

Сите родители на средбата беа единствени за овие седум барања што ги поставивме и за тоа дека децата треба што поскоро да се вратат на училиште. Стручни лица, вели, им кажале дека децата треба да се вратат на училиште, бидејќи, како што им рекле, не постоела поопасна работа од задоцнета болка и одложеното соочување со стравот и трагедијата.

„Можам да потврдам дека огромното мнозинство деца се на училиште“, истакна Ѓорѓевиќ, пренесе Н1.

На прашањето кога и каде ќе се одржи комеморацијата, претседателот на Советот на родители рече:

„Сè уште не знаеме кога и каде, единствено што се знае е дека нема да биде во ниту една државна институција. Идејата е да се одржи некаде поблиску до децата, на пример во театарот „Душко Радовиќ“ или во Детскиот културен центар. Треба да почекаме уште малку, за сите да бидат подготвени за тој момент. На комеморацијата на настраданите деца треба да им оддадат почит нивните другари и никој друг“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно Белград србија трагедија ученици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.