„Со двотретинско мнозинство гласови на членовите на Ријасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Република Северна Македонија, денеска од позицијата прв човек на ИВЗ е разрешен досегашниот реис-ул-улема Сулејман Реџепи“, изјави муфтијата на Гостивар, Шаќир Фетаи, кој истовремено е поставен за вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на поглавар.
Оваа одлука стапува во сила од денеска, односно на неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, исто така и муфтијата на Куманово, Абедин Имери, тој на Струга, Салим Сулејмани, од скоро сите други муфтии.
Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски Науки, директорот за дијаспората Селвер Џемаили, членот на ријасетот Фадил Рамадани и други.







