Распределбата на професионалните војници веднаш по изборите

Професионалните војници со наполнети 45 години добија согласност за распределба по државните институции.

Но, за реализацијата на добиените согласности војниците ќе мора да чекаат да помине изборниот период.

„Министерството за одбрана како никогаш досега го решава статусот на професионалните војници со исполнети 45 години возраст во насока на изнаоѓање системско решение за нивната егзистенција. За професионалните војници кои изразуваат незадоволство што се уште се во Министерството за одбрана, а не се распоредени во институциите, сакам да известам дека непосредно пред прогласување на изборите ги добивме сите согласности во насока на нивно решавање во други
институции, но заради определнеите пречки во изборниот период нивното решение ќе остане по завршувањето на изборите“, изјави државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ.

Тој воедно апелира што поскоро во Собранието да се изласаат промените во Законот за служба во Армијата, со цел побрзо решавање на нивиниот статус.

„Избраниците на граѓаните, односно пратениците, мораат час поскоро да ги изгласаат промените во Законот за служба во армијата, со што ќе им се отвори долго очекуваната нова можност и решавање на нивниот статус, а тоа се опремнините во висина од најмалку 20.000 евра до 25.000 евра за нивниот работен век во армијата“, истакна Николиќ.

 

 

(Фото: МИА)