Рации во Германија поради перење пари и организиран криминал

– Германските специјални полициски единици денеска извршија претрес на околу 30 објекти, како дел од истрагата за перење пари и организиран криминал во западногерманската држава Северна Рајна-Вестфалија.

Истражителите извршиле претрес во домови, канцеларии и продавници во Дуизбург, Леверкузен, Гелзенкирхен и други градови во регионот РајнаРур.

Во акцијата приведени се неколку лица и конфискуван е имот.

Истражителите се очекува да објават попладнето дополнителни детали во врска со рациите.