Рашков: „Глетката е ужасна, таму не е за гледање“

LinkSense.mk

„Таму не е за гледање. Сликата е ужасна. Никогаш не сум видел нешто слично. Телата на луѓето се јагленосани. Сега треба да се идентификуваат“. Ова на вонреден брифинг го коментираше министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков.

Најмалку 46 лица загинаа откако синоќа на автопатот „Струма“ се запали автобус со македонски таблички. Пламенот избувнал откако возилото удрило во заштитната ограда.

На местото на настанот веднаш пристигнале бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, премиерот Стефан Јанев и директорот на НСЛС, Борислав Сарафов.

„Автобусот ја однесе заштитната ограда. Сосема е можно ова палење да се случило како резултат на контакт со заштитната ограда. Но, ова се нашите верзии“, рече Рашков.

Според него, засега нема водечка верзија за инцидентот.

 

 

 

(Фото: БГНЕС)