Реализација на Курс за воен протокол во соработка со Вооружените сили на Турција

LinkSense.mk

Во соработка помеѓу Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Република Туркије, за припадниците на Армијата и министерството за одбрана се реализира курс за воен протокол.

Од страна на инструкторите од ВС на Република Туркије, во период од 26 до 30 септември согласно програмата низ дискусија и размена на искуства се одработија повеќе теми од воениот протокол, како: планирање и реализација на протоколарни активности при посета на делегации, но и во други ситуации, како и практично изведување на протоколарните активности.

За време на курсот на учесниците им беа презентирани најразновидни ситуации при официјални настани и посети при што од страна на инструкторите со припадниците од Генералштабот, министерството за одбрана и потчинетите команди и единици на Армијата споредбено се разгледа начинот на спроведување на протоколарни активности во двете Армии и се стекнаа нови знаења.

На крајот на активноста во присуство на военото аташе на Република Туркије, полковник Серкан Чакир на учесниците им се доделија сертификати за успешно завршениот курс, специјализиран за оваа област.