Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата.
Со ова, бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114.
Во Скопје 22 лица, Штип три лица, Дебар двајца, Куманово едно лице и Охрид едно лице.
Според местото на живеење, соопшти денеска Министерството за здравство, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65),
Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти.
Седум пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во
стабилна – добра здравствена состојба.
Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис.
Од нив, 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина.
Пациенти кои се на домашно лекување, стои во соопштението од МЗ, се во постојан контакт со лекарите.







