Рекордни врнежи од снег во Кина

LinkSense.mk

Невремето во некои делови на југоисточна Кина донесе рекордни снежни врнежи, поради што постои загриженост за греење, бидејќи годинава во истите области имаше проблеми со струјата.

Во градот Шенјанг, провинцијата Лиаонинг, просечната висина на снежната покривка достигна 51 сантиметар, што е најголема количина забележана во последните 116 години, односно во 1905 година.

Едно лице загина во соседна Монголија, а снежните врнежи ги погодија повеќе од 5.600 луѓе, пренесува Кликс.

Метеоролозите тврдат дека снегот наеднаш го покрил градот Тунгља. Вкупно 27 црвени снежни аларми се издадени во внатрешноста на Монголија и североисточна Кина.

Студениот бран пристигна во неделата, а температурите се намалија за најмалку 14 степени во некои делови од североисточна Кина.

Во Лиаонинг снегот направи големи проблеми, а повеќето од наплатните рампи на автопатот беа затворени.

Затворени се железничките и автобуските станици, освен оние во градовите Далиан и Дандунг.

Властите прават напори да ги загреат домовите. Зголемен е увозот на јаглен и максимално е зголемено производството на енергија. Од продавниците е побарано да ги зголемат залихите на храна и да ги намалат цените.

Кина сè уште многу се потпира на јаглен во процесот на производство на енергија.