Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, изјави дека денеска ќе поднесе кривична пријава за насилство против Тони Јаревски советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош и претседателот на партискиот ОК Сашо Лазаревски, кои според неа се организатори на протестите одржани вчера пред нејзиниот дом поради донесувањето на Законот за употреба на јазиците.
Според Ременски, јавните собири и протести се уредени со закон и подлежат на соодветни обврски на самиот организатор и одговорност на самите учесници за настанати евентуални штети при одржување на протестот во случај на јавен простор, а во овој случај најмалку може да се зборува за јавен протест, туку, станува збор за самоволие и самовластие дозволено од група на граѓани органзирани политички да изнесуваат навредливи зборови и да се закануваат по сигурноста и безбедноста на нејзиниот дом и семејство, што се гарантирано уставно право на секој граѓанин на РМ, како право на приватност, на неповредливост на домот и право на заштита и живот.







