„Амазон“ и „Хуавеи“ склучија повеќегодишен договор за вкрстени лиценци за патенти со кој се решаваат нерешените судски спорови меѓу двете компании.
Имено, компаниите имаа правни несогласувања во врска со користењето на патентите, и на крајот успеаја да постигнат договор благодарение на интензивните дискусии кои обезбедија да се почитуваат интересите на носителите на патенти, но и на оние кои ги спроведуваат.
Алан Фан, раководител на Одделот за правата на интелектуална сопственост на „Хуавеи“, рече:
„’Хуавеи’ со задоволство ќе ги разменува правата за патенти со ‘Амазон’, а лиценцирањето на патенти го проширува бројот на компании кои можат да го користат она што инаку би било сопственичка технологија, што пак возврат на потрошувачите им обезбедува поиновативни производи и услуги“.
„Хуавеи“ континуирано инвестира во истражување и развој и е на врвот на скалата според бројот на поднесени барања за патенти, со што во изминатите 20 години даде голем придонес во клучните ИКТ стандарди.
„’Амазон’ ги почитува глобалното портфолио на патенти, иновациите и придонесот во процесот на стандардизација на ‘Хуавеи’. ‘Амазон’, исто така, ги почитува напорите на ‘Хуавеи’ да ги лиценцира своите патенти на компании како ‘Амазон’, кои често ги користат индустриските технички стандарди кога дизајнираат нови производи и услуги за клиентите“, изјави Скот Хејден, потпретседател на ИП за „Амазон“.







