Реџепи – Зејд: Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица

LinkSense.mk

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд денеска во изјава за ТВ Алсат го потврди ставот за кој веќе се шпекулира во јавноста оти го повлекува својот потпис за постигнување на ново парламентарно мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица и Беса.

Тој изјави дека се залага за рушење на оваа власт, но не по цена да стави потпис на список на кој се потпишани и пратениците од Левица, пренесува „Алсат“.

„Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица“. Не го добивме мандатот да им служиме на антиалбанските каузи“, додаде Зајд.