РКЕ и денеска ќе носи нова одлука за цената на нафтените деривати

LinkSense.mk

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати.

„Предусловите се исполнети, изјави портпаролката на РКЕ, Марина Узунов.

РКЕ вчера ја зголеми цената на мазутот за 1,411 денари за килограм, а цените на другите деривати останаа непроменети.

Согласно последната одлука на РКЕ, Мазутот М-1 НС денеска се продава за 51,455 денари за килограм, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму остана 98,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се уште се продава за 101, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 100, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 98,5 денари за литар.

 

 

 

МИА