РКЕ на работен состанок со Здружението на градежништво при Стопанската комора

Работен состанок помеѓу Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали денеска ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија.

На состанокот, како што информираат од Комората, ќе се разговара за барањето на РКЕ во законските прописи од областа на градењето да се предвиди обврска објектите кои се градат да се приклучуваат на организиран систем на топлинска енергија, таму каде што има таков систем.