Робертсон: Македонија има напредок

LinkSense.mk

Напредокот на Македонија немаше да биде можен ако не беше храброто лидерство и успешната реализација на реформите, порачаа денеска претставниците на охридската група, пријатели и поддржувачи на нашата земја, предводени од Сер Џорџ Робертсон на средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон.

Поранешниот генерален секретар на НАТО  на средбите информирал дека сите членови на групата Охрид и пријатели на Македонија го поддржале писмото кое во име на групата било испратено до шефовите на државите и на владите на земјите членки на ЕУ и НАТО, за позитивна одлука на Европскиот совет и за најавеното активирање поканата за членство во НАТО.

На средбите искусните дипломати и политичари, претставници на повеќе меѓународни организации, го истакнале исклучителниот напредок на Македонија и ја нагласиле историската важност за постигнатиот Договор со Грција кој ги отвори вратите за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ.