Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Роберт Поповски: Буџетските средства да се трошат продуктивно и во интерес на граѓаните
Македонија

Роберт Поповски: Буџетските средства да се трошат продуктивно и во интерес на граѓаните

мај 16, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска во Владата  одржа втор состанок со функционери и именувани раководни лица, на кој се разговараше за исполнување на заложбите на македонската Влада за поголема транспарентност и отчетност, односно објавување на нивните службени трошоци.

Преку Алатката за отчетност, која беше објавена во март, а е достапна  на веб страницата на Владата на РМ, односно на веб адресата: http://vlada.mk/otchetnost-troshoci на увид се ставени сите трошоци на Претседателот на Владата, замениците на премиерот, министрите, министрите без ресор, замениците-министри, Генералниот секретар на Владата и државните секретари на Министерствата.

Со владина одлука во април, беше проширен опсегот на функционерите и именуваните раководни органи што треба да покажат отчетност пред јавноста и кои најдоцна до 20 јуни на своите веб-страници треба да ги објават податоците за нивните службени трошоци за периодот од 01.12.2014 до 31.05.2015 година и за периодот од 01.12.2017 до 31.05.2018 година.

Со одлуката се задолжуваат и директорите и замениците на  директорите на самостојните органи на државната управа, на органите во состав на Министерствата и на инспекцискиот совет да ги објавата службените трошоци. Истото, се укажува да го сторат и директорите и замениците на директорите на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и акционерските друштва во државна сопственост.

„Врвните приоритети на Владата се, таа да биде транспарентна, отворена кон јавноста и да овозможи пристап до информациите како основно право на граѓаните“, оцени министерот Поповски на состанокот, информирајќи ги претставниците на јавните институции за унифицираниот систем на прикажување на службените трошоци.

Поповски истакна дека за прв пат воведената политичка пракса во земјава, на објавување на најотворен, најтранспарентен начин на сите трошоци е со цел тие да се намалат и да се сведат само на продуктивни трошоци, кои се неопходни за непречено спроведување на работните активности на носителите на јавни функции и институциите.

Поповски додаде дека со јавното објавување на трошоците се постигнува двоен ефект. Се дава на увид на јавноста и на граѓаните за што се трошат нивните пари, но се презентираат и постигнатите резултати, а истовремено изложувањето пред јавноста води и до поголема внимателност при трошењето на државни пари.

Поповски потсети дека според веќе објавената  споредбена анализа, за трошењата на министрите, актуелната Влада во првите шест месеци од доаѓањето на власт во јуни, до ноември 2017, потрошила повеќе од два пати помалку од претходната Влада за истиот период во 2014 година и порача:
„Оваа тенденција на намалувањето на трошоците на оваа Влада сакаме да продолжи на ниво на сите државни институции“.

Истовремено, министерот Поповски, додаде дека алатката за отчетност ќе им биде препорачана и на единиците на локалната самоуправа, правосудните органи, претставниците на Собранието и претседателот на државата.

влада директори министерства приритети
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.