Романот „Зад аголот“ на Томислав Османли преведен на турски јазик

LinkSense.mk

Издавачката куќа „Библион“ од Истанбул го објави преводот на романот „Зад аголот“ на Томислав Османли на турски јазик.

По бројните објави на „Дваесет и првиот“, претходниот роман на Османли, ова е прва меѓународна објана на неговиот втор, структурно покомплексен роман.

„Зад аголот“ развива девет линии на дејства од кои дел се преплетуваат, а дел продолжуваат, при што неговиот хронотоп има опфат од јонската и атичката антика до современа Европа, Азија и Америка со фокус на 1999 година, односно до математички и симболички последната година од минатиот век.