Доналд Трамп разгледува четворица финални кандидати за местото државен секретар, кое претставува една од најважните позиции во Кабинетот, наведува агенцијата АП.
Портпаролот Џејсон Милер вели дека главни претенденти за таа позиција се Мит Ромни, републиканскиот кандидат на претседателските избори во 2012 година, и Рудолф Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк.
Според други неофицијални извори, Трамп за тоа место ги има предвид и поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус и сенаторот Боб Кокер.
Одлуката на Трамп за државен секретар се очекува наскоро, додава АП.
Трамп во вторникот вечерал со Ромни што бил нивни втор разговор за место во Кабинетот.
Неделава Трамп остварил средби и со Кокер и Петреус.