Роналдо го исфрли Баерн, Атлетико сигурен во Англија

Минатогодишните финалисти, мадридските клубови Реал и Атлетико, обезбедија вечерва пласман во полуфиналето во лигата на шампиони елиминирајќи ги Баерн и Лестер

Фудбалерите на Реал Мадрид и Атлетико се првите полуфиналисто во Лигата на шампиони откако вечерва во реванш натпреварите од четвртфиналето го елиминираа Баерн, односно Лестер.

Реал после 2:1 во Минхен ги совлада Баварците со 4:2, дури после продолженијата, откако по 90 минути игра германскиот шампион имаше 2:1.

Поведоа гостите со голот на Роберт Левандовски во 53 минута, изедначи Кристијано Роналдо во 76-та, а две минути подоцна Серхио Рамос постигна автогол.

Баерн од 84 минута остана со играч помалку по исклучувањето на Артуро Видал, што мадриѓаните успешно го искористија во продолжението и со двата гола на Роналдо и еден на Марко Асенсио го елиминираа германскиот шампион.

Истовремено, Атлетико во Лестер рутински ја сочува предноста од еден гол повеќе од првиот натпревар и одигра 1:1.

Саул Њигуез ги доведе мадриѓаните во водство во 26-та минута, а изедначи Џејми Варди во 61-та минута.

Утре се среќаваат Барселона-Јувентус (0:3 во првиот натпревар) и Монако-Дортмунд (3:2).