Рот: Позицијата на Берлин кристално јасна – преговорите со Скопје и Тирана треба да почнат

Германската позиција e кристално јасна. Ние го поддржуваме почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, изјави денеска државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот.

– Оваа наша позиција е врз основа на гласањето на германскиот Бундестаг. Европската унија презеде обврски за мир, стабилност, демократија и помирување на Западен Балкан, а тоа значи дека мора да си ги исполнува своите ветувања, истакна Рот пред денешниот состанок на Советот на министри на ЕУ во Луксембург на кој ќе се расправа за старт на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

 

ИЗВОР: МИА