Русија подготвена за смирување со Украина

LinkSense.mk

На состанокот во Париз за заживување на „Нормандискиот формат“, Русија вети дека повторно ќе се вклучи во тој процес, изјави извор близок до кабинетот на францускиот претседател, во контекст на тензиите околу Украина. Ова, рече тој, е добар сигнал и чекор кон намалување на тензиите.

Тој додаде дека се уште има големи разлики во ставовите, но дека се надева дека ќе се обиде да ги реши на состанокот во Берлин за две недели.

Ова е прв пат по повеќе од две години четири земји-членки на „Нормандискиот формат“ да се договорат за нешто. Договорот за безусловен прекин на огнот е клучен во сегашниот контекст.

Оваа средба беше тест. Мислам дека денеска видовме дека Русите се подготвени да го деескалираат прашањето, што ќе видиме дали ќе се потврди за две недели“, рече францускиот претставник.

Главниот руски преговарач Дмитриј Козак им изјави за новинарите во Москва дека политичките советници од Русија, Украина, Франција и Германија се согласиле дека мора да се почитува прекинот на огнот во источна Украина.

Козак, исто така, рече дека треба да се решат уште многу прашања, но и изрази надеж дека ставовите може да се приближат. Тој потврди дека за две недели во Берлин ќе се одржи нов состанок на четирите земји. Русија распореди илјадници војници во близина на границата со Украина, но вели дека не подготвува инвазија.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)