Руси го отруле Абрамович!?

LinkSense.mk

Рускиот милијардер Роман Абрамович и украинските мировни преговарачи претрпеа симптоми кои укажуваат на труење, по состанокот во Киев на почетокот на овој месец, изјавија луѓе запознаени со ситуацијата за Вол Стрит Журнал. Дека се сомнева оти Абрамович пред извесно време бил отруен потврди и неговиот портпарол, но не кажа дали уште некој друг бил цел на нападот, како ни тоа кој го извршил.

После состанокот во главниот град на Украина, Роман Абрамович, кој патуваше меѓу Москва, Лавов и други места во кои се водеа тогаш сеуште неформални преговори со руската страна, заедно со уште најмалку двајца високо позиционирани членови на украинскиот тим, развиле симптоми кои вклучуваат црвени очи, постојано и болно солзење и лупење на кожата на лицето и рацете, велат упатените, а пренесува „Вол Стрит Журнал“.

За сомнителниот напад тие ги обвинија тврдокорните во Москва, за кои рекоа дека сакале да ги саботираат преговорите за ставање крај на војната. Лице блиско до Абрамович рече дека не е јасно кој ја таргетирал нивната група. Абрамович и украинските преговарачи, меѓу кои е и претставникот на кримските Татари во украинскиот парламент, Рустем Умеров, во меѓувреме закрепнале и нивните животи не се во опасност, како што се наведува.

Гардијан“, повикувајќи се на извор близок до Абрамович, објави дека рускиот олигарх го изгубил видот неколку часа, а дека тој и Украинците добиле медицинска помош во Турција, каде одлетале откако прво од Киев тргнале за Полска.

Три лица кои покажале симптоми неколку часа пред да им се влоши состојбата, консумирале само чоколадо и вода. Четвртиот член на преговарачкиот тим, кој конзумирал исто, не покажал никакви симптоми“, објави истражувачкиот портал „Белингкат“, кој наведува дека труењето се случило за време на преговорите ноќта меѓу 3 и 4 март.

Белингкат“ пишува и дека симптомите биле споредливи со оние после изложување на хемиско оружје.

Порталот јавува и за тоа оти експертите, кои направиле анализи и на местото на настанот и во лабораторијата, заклучиле дека е многу веројатно да се работи за хемиско труење, но не е утврдено кое. Тие, според „Белингкат“, утврдиле дека дозата на отрови многу веројатно не била толку висока за да може да биде смртоносна, што сугерира дека целта на досега неидентификуваните напаѓачи била да ги заплашат учесниците во преговорите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така се сретна со Абрамович, не бил жртва, се вели. Портпаролот на претседателот на Украина изјави дека нема информации за каков било сомнеж за труење.

Западните експерти кои го истражувале инцидентот истакнале дека е тешко да се утврди дали симптомите се предизвикани од хемиски или биолошки агенс или ова е некој вид на напад со електромагнетно зрачење, тврдат изјавија за Вол Стрит журнал“ лица запознаени со ситуацијата.