Норвешката служба за безбедност изјави дека девет и-меил налози биле цел на хакери за кои се верува дека се поврзани со руските разузнувачки служби, но додава дека од нив не се симнати никакви доверливи информации.
Неименувана странска агенција пред извесно време ги предупредила службите во Норвешка дека постојат „целни напади“ на и-меил серверите на полицијата, Норвешката лабуристичка партија и на воените и владините организации.
Норвешкиот таблоид „ВГ“ наведува дека зад хакерскиот напад стои група која се претставува како АПТ29.
Овие хакери, познати и како „Cozy bear“, минатата година упаднаа во компјутерите на американската Демократска партија, а претходно успеаја да се инфилтрираат во мрежата на Белата куќа, Пентагон и Стејт департмент.