Русковска ги повика новинарите да истражат кој стои позади нејзината суспензија

LinkSense.mk

Обвинителката Вилма Русковска по денешното поднесување на жалбата до Советот на јавни обвинители, каде дојде со обезбедување, рече дека обезбедувањето и е од претходно, а дека сега за сега, немала никакви закани.

„Ова обезбедување ми е од претходно. Сега за сега немам никакви закани, рече Русковска.

Таа рече дека не би шпекулирала дали може да биде разрешена.

Во однос на тоа дали смета дека политиката стои зад нејзината суспензија, бидејќи, „чепнала каде што не треба“, Русковска вели дека не сака да верува во тоа. Ги повика новинарите да истражат и да откријат.