Руско-украинска војна: Во нападот на Лавов шест загинати

LinkSense.mk

Најмалку шест лица загинаа, а осум се повредени во ракетен напад врз Лавов, изјави регионалниот гувернер Максим Козицки. Ројтерс наведува дека цел на руските ракети биле воени постројки, но една погодила и работилница за вулканизација. Црн чад го надвиснал целиот град.

Останете во засолништата“, повика Козицки.

Властите во западните и јужните украински региони Лавов и Днепропетровск утринава известија за повеќе експлозии, а детонации се слушале и во Киев.

Иако сè уште не е потврдено дека руските сили пукале во Лавов, Лесија Василенко, украинска пратеничка во парламентот, рече дека ракетите погодиле железничка станица во западниот дел на градот. Наводно, на тоа место имало некакви магацини.

Џастин Крамп, воен аналитичар и извршен директор на консултантската фирма за разузнавање Сибилин, за Би-Би-Си ги коментираше нападите што се случуваат низ Украина.

Тој тврди дека од почетокот на конфликтот донекаде тоа е руска стратегија. Додава дека Русите веројатно не таргетирале доволно инфраструктурни и воени цели и не успеале да ги искористат „моментите на шок“.

Сега тие се обидуваат да го достигнат и да го забрзаат темпото. Многу работи се поврзани со запирање на снабдувањето до Донбас, каде што планираат да ја изведат својата најголема операција. Гранатираат железнички контролни пунктови, како и воени резерви каде и да можат, и резерви на гориво и сомнителните локации каде што се наоѓаат кампови за обука на волонтери, плус ја напаѓаат и инфраструктурата во Мариупол“, вели Крамп.