Касарната на Вооружените сили на Сојузна Република Германија во градот Келн вчера е затворена поради сомнение дека некој ја саботирал водата за пиење во неа, јави германски „Фокус“.
Според пишувањето на „Шпигел“, полицијата, воената полиција и воените контраразузнавачи истражуваат сомнителни настани во касарната.
На војниците и на другиот персонал им било кажано да не пијат вода од чешмите.
Денеска ќе се проверуваат водоводните инсталации во касарната.
Се наведува и дека била пронајдена дупка на оградата околу касарната и дека е можно некој да провалил во неа.
На другите војници им било кажано дека несмеат да влегуваат во касарната.
Во таа касарна се припадници на Военото воздухопловство на вооружените сили на СР Германија.
(Фото: Агенција ДПА)







