Садик Кан повторно избран за градоначалник на Лондон

Лабуристот Садик Кан повторно е избран за градоначалник на Лондон.

Кан освои 55,2 отсто, односно 1,2 милиони гласови, додека конзервативниот кандидат Шон Бејли доби 44,8 отсто од гласовите, пренесе „Гардијан“.

Ова ќе биде втор мандат за Кан на местото градоначалник на Лондон.

(Фото: Би-Би-Си)