САД досега употребиле 187 милиони дози на вакцини против Ковид-19

Во САД досега се инјектирани повеќе од 187 милиони дози вакцини против Ковид-19 и до вчера низ земјата се дистрибуирани 237,7 милиони дози, соопшти Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Според Центарот, 119,2 милиони лица во САД примиле барем една доза од вакцината, додека 72,6 милиони се целосно ревакцинирани.

Вакцинацијата во САД се спроведува со вакцините „Модерна“ и „Фајзер“, што се даваат во две дози и „Џонсон & Џонсон“ во една доза.