САД: Иранскиот сателит тешко дека ќе може да обезбеди разузнавачки информации

„Првиот сателит што на 22 април во орбитата го лансираше иранската армија, тешко дека е во состојна да обезбеди разузнавачки податоци“, тврди генерал Џон Рејмонд, началник на одделението за операции во Вселената на Вселенските сили на САД.

„Вселенската команда на САД продолжува да ги следи двата објекта… поврзани со лансирањето што го изврши Иран“, напиша Рејмонд на
Твитер.

Тој додаде дека иранскиот сателит „Нур 01“ американската армија го оцени како микросателит од типот „Три У кјубсат“.

„Иран тврди дека сателитот има способност да фотографира, а всшност тоа е веб камера која се врти во Вселената и малку е веројатно да обезбеди разузнавачки информации“, истакна генерал Рејмонд.

Лансирањето на сателитот наиде на осуда од САД, Велика Британија и Франција.

Додека Техеран тврди дека не ја прекршил Резолуцијата 2.231 на Советот за безбедност на Обединети нации за иранската нуклеарна програма и ги обвини САД и европските држави за непочитување на нејзините одредби.

„Техеран ја почитува Резолуцијата и не поседува нуту нуклеарно оружје, ниту проектили со нуклеарен капацитет“, изјави шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф.