САД и испраќа финансиска помош на Палестина

Американската администрација на претседателот Џо Бајден го информираше Конгресот дека ќе им испрати финансиска помош од 10 милиони долари на Палестинците со цел за промовирање на мирот со Израел, иако беснеат судири меѓу двете страни.

Помошта ќе им биде упатена на палестинските групи на Западниот брег и во Газа, за да се помогнат проекти за соработка и помирување со Израелците, пренесува АП.

Стејт департментот соопшти дека оваа сума е дел од многу поголем износ, од 100 милиони долари, која американската администрација ја одобри за Палестинците на почетокот на оваа година, поништувајќи го така речиси потполното укинување на поддршката во текот на мандатот на Доналд Трамп, наведува „Асошиејтед прес“.

 

 

(Фото: МИА)