САД и СЗО договорија дополнителни студии за потеклото на коронавирусот

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на вчерашната средба со директорот на Светска здравствена организација Тедрос Адханом Гебреисус во Кувајт договорија изработка на дополнителни студии за откривање на потеклото на пандемијата

– На состанокот беше истакнато дека во следната фаза, истрагата мора да биде навремена, базирана на докази, транспарентна и да биде водена од експерти врз кои не може да се влијае, се посочува во соопштението на Стејт департментот.

СЗО претходно повика на заедничка истрага за да се открие потеклото на коронавирусот, но Кина ги отфрли плановите за дополнителни инспекции на лаборатории и пазари на нејзина територија.

Првите случаи на инфекција со вирусот Ковид-19кај луѓето беа пријавени во градот Вухан во декември 2019 година, а Кина ги отфрли теориите дека вирусот „протекол“ од една од нејзините лаборатории.