САД најавија нова воена помош за Украина

epa09938513 US President Joe Biden speaks on his administration's approach to increasing inflation in the Eisenhower Executive Office Building in Washington, DC, USA, 10 May 2022. Biden also used the speech to go on the offensive over what he termed the Republican's 'ultra-MAGA' agenda. EPA-EFE/JIM LO SCALZO
LinkSense.mk

Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет оружје, вреден 600 милиони долари, со што ќе ѝ помогне на украинската војска во борбата против Русија, се наведува во меморандумот на Белата куќа, испратен вчера до Стејт департментот.

Бајден ја одобри помошта користејќи ги своите претседателски овластувања што му овозможуваат да одобри преместување на вишок оружје од американските залихи.

Нема детали околу тоа како парите ќе бидат искористени.

Во меморандумот се наведува и дека парите ќе бидат искористени и за воено образование и обука.

Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, Вашингтон на Владата во Киев ѝ испрати воена помош во вредност од околу 15,1 милијарди долари.