САД успешно ја тестираа балистичката ракета Tридент II

 Американската воена морнарица успешно ја тестираше балистичката ракета Тридент II, што беше истрелана од брегот на Кејп Канаверал во државата Флорида.

Примарна цел на оваа акција беше да се демонстрира подготвеноста на Стратешкиот систем на вооружувањето на морнарицата и екипажот пред оперативното распоредување, по планираниот ремонт на дел од подморницата за полнење гориво, соопшти Интернет страницата на американската морнарица navy.mil.

-Овој тест, како и сличните, ја нагласува нашата подготвеност и способност да донесуваме стратешки одлуки во 21 век, рече адмиралот Томас Иши, директор за глобални операции на вооружените сили на САД.

Ова лансирање ракета над Атлантскиот Океан беше 184 -ти успешен тест на ракетата Тридент II.