САД ќе протераат 35 руски дипломати

Соединетите Американски Држави соопштија дека ќе депортираат 35 руски дипломати од Вашингтон и Сан Франциско.

На дипломатите им се дадени 72 часа да ја напуштат земјата.

Руските дипломати ќе бидат депортирани поради повреда на дипломатските активности.

Покрај тоа, САД донесоа одлука за затворање на дипломатските мисии на Русија во Мериленд и Њујорк, затоа што тие институции, наводно, биле користени за разузнавачки активности.

Дополнително, претседателот Барак Обама потпиша декрет за воведување нови санкции на Русија, соопштија од Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека санкциите се воведени против шест лица и пет институции, вклучувајќи ја Федералната служба за безбедност и Министерството за финансии.

Санкциите против Русија, како што се соопштува, биле воведени после повеќе предупредувања.