Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Саздовски починал од силен удар, одбраната бара второ мислење
Судски процеси

Саздовски починал од силен удар, одбраната бара второ мислење

март 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вешто лице од судска медицина денеска во Кривичниот суд во Скопје повеќе од два часа одговараше на прашања од обвинителството и одбраната за вештачењето изработено по реконструкцијата на настанот на убиството на 20-годишниот Никола Саздовски, за кое се обвинети Бесир Беља, Скендер Демири и уште едно лице кое е во бегство.

Вештакот, во својот исказ пред судот, рече дека по направената реконструкција и увидот во списите, остануваат на ставот за начинот и причините на смртта на сега покојниот Саздовски.

„Сега покојниот починал по силен удар во предел на главата, а не од удари настанати со пад или удар на афалт или кутија, со оглед дека на телото не се констатирани никакви повреди од пад на тврда подлога, што е наведено и во претходните вештачења и искази пред овој суд, истакна вештакот.

Во однос на страдањето, вештакот посочи на дел од вештачењето дека врз основа на повредите на сега починатиот, како истегнување на вратниот пршлен, ударите во пределот на главата кои довеле до оштетување на крвните садови под меките ткивни обвивки, тој почувствувал болка од силен интензитет што траела кратко време и со оглед на здобиените повреди тој брзо загубил свест и таа болка траела во многу краток временски период.

„Тој временски период, со оглед на сведочењата на реконструкцијата, се одвивал неколку минути. Притоа што и еден од сведоците кажа дека Саздовски од здобиените удари паднал. Што се однесува на стравот, кај сега покојниот постоел примарен страв, што се манифестира со загриженост за својот живот и што траел до губење на свеста. Од губење на свеста до времето на  самата обдукција според медицинската анализа тој бил во коматозна состојба и одржуван на апарати и не можел да чувствува ниту физички болки, ниту страв, рече вештакот.

Прашан дали овие повреди се директно поврзани со смртта на Саздовски, вештакот рече дека повредите во пределот на главата претставуваат директна причинска последична врска со смртта.

Во однос на тоа дали може да се заклучи дека фатален е ударот со нога во пределот на вратот, додека бил на земја по претходно добиените удари во главата, тој рече дека не може да каже која е фатална повреда за смртта.

„Не може со сигурност да кажеме која од овие три повреди е фатална, со оглед дека се со силен интензитет и во краток временски интервал, што сите кумулативно резултираат со губење на свест и крварење под мекото ткиво на главата, рече вештакот.

Бранителот Насер Рауфи, го праша дали е сигурен дека сега починатиот не удрил во металната кутија, на што вештакот рече дека конкретната кутија претставува тапо тврдо средство, а не сила со која би се нанеле повредите на сега покојниот, туку прашањето е дали тој со движење од претходен удар се здобил со повреда од тој предмет.

„Повторно ќе кажам доколку сега покојниот удрил со глава во метална кутија, па дури и да било по удар со нога, кај него удар од таков остар предмет на неговата кожа не се констатирани. Нема никакви траги кои укажуваат на повреда настаната од удар во таа кутија или асфалтот, истакна вештакот.

Адвокатот Рауфи, на крајот во приговор до судот, наведе дека според него вештакот користи селективни параметри при одредување на временскиот интервал, што во својот исказ на неколку пати вештакот ги посочува.

Рауфи побара и второ мислење од Институтот за судска медицина, но по предлог на обвинителството, судот дозволи вештакот да биде директно испрашан од одбраната со цел дообјаснување на некои деловите од вештачењето.

Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска, и на почетокот дозволи обвинителството и одбраната да предложат доколку имаат дополнителни докази по извршениот увид во списите од реконструкцијата на настанот, со оглед дека се исцрпени сите предложени материјални докази.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

второ мислење одбрана удар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Меркел ги повика Германците поактивно да се вклучат во одбрана на демократијата

август 31, 2026

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години

јули 7, 2026

Руте и Фон дер Лајен: Европа повеќе не може да ја препушта својата одбрана на Америка

јули 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.